Англискиот фудбалски шампион Манчестер сите е заинтересиран за играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Иско.

Според „Марка“  тренерот на англискиот клуб Јосеп Гвардиола во 27-годишниот Шпанец гледа замена за Давид Силва, кој најави дека ќе ги напушти “граѓаните” следното лето.

Договорот на Иско со Реал има важност до 2021 година.

Минатата сезона, тој настапи на 37 натпревари постигна шест гола и забележа една асистенција