Поранешниот тренер на Барселона, Пеп Гвардиола, одби да ги коментира шпекулациите за можното враќање на Нејмар во каталонскиот клуб.

Бразилецот може да биде дел од Каталонците вќе ова лето.

– Нема да кажам ништо за Нејмар, ова не е моја работа, тоа си е работа на Барселона. Поминав многу време во овој клуб, па не сакам било какво мислење да биде погрешно протолкувано, изјави Гвардиола.

На прашањето дали Нејмар и Гризман се компатибилни шпанскиот стручњак вака одговори:

– Сето тоа зависи од замислата на тренерот. Добрите играчи се секогаш добредојдени во добри тимови, а такви се наведените двајца