Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола го призна денешниот поразот од Вулверхемптон (1:2) во 7. коло од Премиер лигата.

– Честитки за противникот, тие го заслужуваат триумфот. Имавме моменти кога се мачевме да се носиме со нивните движења, одиграа многу добро. Ние бевме многу подобри против Њукасл (0:1 во англискиот Лига куп) отколку денес, но сега со нетрпение го очекуваме следниот натпревар, изјави Гвардиола, цитиран од официјалниот сајт на Манчестер сити.