Поранешниот напаѓач на хрватската фудбалска репрезентација Марио Манџукиќ одлучи да се откаже од платата за минатиот месец во кој не одигра ниту еден натпревар за италијанскиот прволигаш Милан поради повреда, а неговиот клуб најави дека парите ќе ги донира во хуманитарни цели.

Манџукиќ дојде во Милан во јануари, а по повредата на крајот од февруари беше надвор од теренот два месеци.

-Овој потег на Манџукиќ е само доказ за негова етиката и професионализам“, изјави претседателот на Милан, Паоло Скарони.

Според италијанскиот печат, месечната плата на Манџукиќ изнесува 300.000 евра, а Милан парите ќе ги донира на фондација која поттикнува проекти за помош на ранливи категории млади луѓе во социо-економска и образовна смисла