Од ранг ластата на 314 кандидати за обука во Академијата од 7-мата генерација, од кои требало да бидат примени првите 60 рангирани кандидати според покажаните резултати на приемниот испит, извршена е тотална дискриминација, со тоа што биле примени кандидати кои не биле рангирани меѓу првите 60 кандидати и кои покажале многу послаби катастрофално лоши резултати.
Ова го истакнува поранешниот министер за правда Михајло Маневски во неговата денешна објава на Фејсбук.
Во продолжение ја пренесуваме целосната обајва на Маневски:
ТОТАЛНА ДИСКРИМИНАЦИЈА ВО АКАДЕМИЈАТА ЗА СУДИИ И ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ
Од ранг ластата на 314 кандидати за обука во Академијата од 7-мата генерација, од кои требало да бидат примени првите 60 рангирани кандидати според покажаните резултати на приемниот испит, извршена е тотална дискриминација, со тоа што биле примени кандидати кои не биле рангирани меѓу првите 60 кандидати и кои покажале многу послаби катастрофално лоши резултати.
“Изборот” на овие кандидати е направен по посебна листа од припадници на албанската етничка заедница.
Така примени биле кандидати кои се рангирани меѓу последните на ранг листата и тоа:
– Фатмир Муса рангиран на 252 место;
– Валнеса Биљали на 238 место;
– Албулена Абази на 228 место;
– Илир Абдурахмани на 215 место;
– Анита Граждани Пачуку на 205 место;
– Зура Селими на 201 место;
– Исмаил Исени на 191 место;
– Агим Ибраими на 175 место;
– Самир Акифи на 166 место;
– Реџеп Муса на 110 место;
– Јетмир Беџети на 94 место;
– Ермира Руфат Муса Нура 89 место; и
– Пајтим Машкути на 70 место.
Ниту еден од овие кандидати не е рангиран меѓу првите 60 кандидати. Од таму, неминовни се неколку прашања:
1.Ова ли се реформите на судскиот систем со вакви кадри?
2. До кога ќе се врши дискриминација по етничка основа?
3. До кога ќе се врши навреда и омаловажување на младите албанци и албанки и ќе се прават неспособни?
4. До кога на купените испити и платените дипломи, а не на знаењето ќе се дава предност?
5. До кога граѓаните ќе страдаат од неспособни и нестручни кадри и не само во судството?
6. До кога штанцање на дипломи, магистратури и докторати?
7. Ова не е само пропаст на образованието, ова води до пропаст на државата.
Да бидеме сосема јасни, во ранг листата има кандидати кои се во листата на првите 60 и тоа Барлет Џафери на 14 место и Илир Јакупи на 60 место. Листата секој може даја види на Веб страната на Академијата.
При ваква состојба, колку е вулгарна изјавата од средбата на министерот за правда Маричиќ и директорката на Академијата Габер Дамјановска дека цитирам: “Академијата за судии и јавни обвинители ќе биде носител на промените во судството”.
Ова ли се промени? Засрамете се. Ова не се промени, ова е пропаст, со груба дискриминација. Овие утре ќе го судат народот. Какви кадри, такво судство.