Денеска од коронавирус се регистрирани 15 смртни случаи, и тоа пет пациенти од Скопје, еден од Куманово, три лица од Тетово, по еден од Прилеп, Кавадарци, Кичево, Крива Паланка, Делчево и Кратово.

Најмладиот починат пациент е на 36 годинишна возраст.

„Починати се 15 лица, пет пациенти од Скопје (65, 64, 82, 60 и 66г), еден од Куманово (73г), три пациенти од Тетово (78, 36 и 61г), еден од Прилеп (69г), еден од Кавадарци (73г), еден од Кичево (51г), еден од Крива Паланка (79г), еден од Делчево (46г) и еден пациент од Кратово (59г).  Од нив двајца се починати вон, останатите се починати во болнички услови“, се вели во извештајот на министерството за здравство.

Вкупната бројка на починати во Македонија од почетокот на пандемијата изнесува 2754 лица.

Министерството за здравство информира и дека во последните 24 часа се направени 1906 тестирања, а регистрирани се 356 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-171, Куманово-12, Тетово-19, Прилеп-15, Гостивар-6, Штип-7, Битола-4, Велес-10, Охрид-20, Струмица-8, Кавадарци-19, Струга-10, Кочани-2, Кичево-10, Свети Николе-1, Гевгелија-3, Неготино-3, Ресен-3, Крива Паланка-3, Радовиш-3, Берово-4, Делчево-3, Пробиштип-7, Виница-3, Демир Хисар-1, Кратово-1, Крушево-4, Македонска Каменица-1, Демир Капија-1, Пехчево-2.