Бугарското МНР не даде конкретен одговор за преседанот и дипломатски скандал со дописот од македонската Амбасада во Бугарија до бугарското МНР во кој меѓу друго има детали за обезбедувањето на семејството на Мицкоски, имиња на членови на обезбедувањето, возилата со кои патуваат, комуникациските уреди кои ги користат, какво вооружување носат со себе и друго. Чин со кој директно е загрозена безбедноста на семејството на првиот човек на македонската влада.

Се оградуваат, притоа со манипулација квалификувајќи го дописот како некаква „вербална нота“, притоа симултано релативизирајќи дека тоа се случило одамна – на 6 јануари 2026-та.

Дали Бугарија вака манипулаторски се оградува? Што е битно кога го загрозиле животот на семејството на премиерот? Има ли времетраење еден ваков скандал, прашуваат познавачите кои ги консултиравме, кои во одговорот на бугарското МНР гледаат евтин трик за самоамнестија од дипломатскиот скандал. Во најмала рака, ценат соговорниците, за ова мора да има одговорност од вработените кои учествувале во преседанот, нешто што по одговорот на софиското МНР очигледно нема да се случи. Вакавиот акт и буквално вадењето од ситуацијата која самите ја создадоа наведува и на сомнеж за интенција и умисла во чинот, а не грешка која дава сосема друга димензија на преседанот. Ништо од очекуваната транспарентност и доследност која се очекуваше од една земја коај се претставува како сериозен партнер во НАТО, земја членка на ЕУ.

„Министерството за надворешни работи не дистрибуираше дипломатска нота или друга официјална кореспонденција поврзана со посетата на Бугарија на членови на семејството на официјален претставник на друга земја. Информациите што циркулираат во јавноста во последните денови се однесуваат на вербална нота од 6 јануари 2026 година и се однесуваат на настани од далечното минато. Во моментов, оваа информација не може да се сфати како основа за заклучоци дека постои непосредна закана за безбедноста на граѓаните на Бугарија или друга земја. Министерството за надворешни работи придава големо значење на заштитата на дипломатската кореспонденција и строго ги почитува“, се вели во релативизаторското соопштение на бугарското МНР.

Реакцијата доаѓа откако бугарскиот амбасадор во Македонија вчера беше повикан во Министерството за надворешни работи на Македонија. Македонската страна побара темелна за тоа како патувањето на семејството на премиерот се нашло во јавноста. Претходно, премиерот Мицкоски изјави дека го известил и НАТО за документот со кој, како што вели, се загрозува безбедноста на неговото семејство.