Низ делови од целиот свет паднаа глобалните социјални мрежи, се жалат илјадници корисници.

Корисниците на Facebook, Instagram i WhatsApp од сите делови на Европа пријавија дека рано попладнево немаат пристап до овие мрежи. Истото се случува и во Република Македонија, каде на почетокот пристапот беше отежнат, а потоа целосно невозможен.

Милиони корисници на овие најпопуларни социјални мрежи пријавија дека имаат проблеми со пристап до Фејсбук и Инстаграм, како и до апликацијата WhatsApp.

Од Фејсбук, кој ги поседува овие мрежи, за сега немаат коментар.

Објавуваме мапи на делови од светов, Европа и во Македонија, каде што пристапот до овие социјални мрежи е отежнат или целосно невозможен. Изворот е https://downdetector.com/status/facebook