Легендарниот аргентински фудбалер Диего Марадона „му упати совет“ на Лионел Меси да не се враќа во репрезентацијата на Аргентина, бидејќи притисокот на јавноста врз него е преголем.
– На Меси би му препорачал да не се враќа повеќе и да се пензионира. Ако загуби репрезентацијата за фудбалери до 15 години, за тоа е виновен Меси. Ако ждрепката ги вкрсти Расинг и Бока и за тоа е виновен Меси. Па да видиме дали ќе ги решат проблемите без него… Сакам да кажам дека тој не е виновен што не сме светски шампиони, истакна Марадона.
Аргентинската репрезентација се соочуваше со многу проблеми пред и за време на Светското првенство во Русија, а Меси по завршувањето на Мундијалот најави дека до крајот на годината нема да настапува за националниот тим.
Фудбалската федерација на Аргентина се надева дека тој ќе се премисли и ќе се врати во репрезентацијата, поради што не дозволуваат некој друг да го земе дресот со број десет.