Енди Мареј се надева дека наскоро ќе се врати на теренот за да игра натпревари во сингл, навестувајќи дека тоа би можело да се случи пред „Ју Ес Опен“.

Шкотот игра во парови во последно време, откако ја освои титулата во Квинс со шпанскиот ветеран Фелисијано Лопез. Мареј, кој се здружи со Серена Вилијамс во мешани двојки на „Вимблдон“, каде стигна до третото коло, утре ќе игра заедно со неговиот брат Џејми во Вашингтон. После операцијата за замена на колкот, 32-годишниот тенисер неодамна одби да прецизира кога ќе се врати во сингл.

Но, тој навести дека може да учествува на подготвителните турнири пред „Ју Ес Опен“ и може да биде подготвен навреме за Синсинати, кој започнува на 11 август.

– Јас сум поблизу отколку што мислев. Во најдобар случај ќе се вратам во Синсинати. Ако не влезам на турнирот, тогаш веројатно ќе почекам по завршувањето на „Ју Ес Опен“ затоа што не би сакал мојот прв турнир да биде во 3 од 5 сетови, прокоментира Мареј.

Тој, исто така, призна дека контактрал со легендата Боб Брајан, кој се подложи на операција на замена на колкот на 40 години, со прашања во врска со времето за закрепнување од овој вид на интервенција.

– Му пишував 2-3 пати неделно, го прашував за тоа како тој работи, обидувајќи се да откријам дали потенцијално би можел да се вратам во сингл после ваква операција. Не сме неверојатно блиски, но многу комуницирав со него во овој период, заврши трикратниот Гренд-слем шампион.