На 28 декември Советот за реформи во правосудството ќе ја усвои методологијата по која ќе се изврши филтрацијата на судството и обвинителството, преку која Судскиот совет и Советот на јавни обивнители, како одговорни тела ќе направат прочистување во своите редови. Во периодот 2019 и 2020 година се разрешени осум судии, а согласно информациите од Судскиот совет има постапки за уште 83 судии.

Ова е изјавата на министерот за правда Бојан Маричиќ, кој денеска се обрати на „Следна Станица: Европа“ – Конференција на ЦИВИЛ за човекови права, правда и антикорупција, по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на човековки права.

-Ако сакаме да успееме и да станеме модерна европска држава правда мора да има, еднаква за сите, бескомпромисна и со еднаков аршин и само така може да се зголеми довербата на граѓаните во судството и обвинителството преку разрешница на крупни судски случаи со големите риби, истакна Маричиќ.

Тој потсети дека многу меѓународни извештаи конкретно посочија за одредени состојби во правосудството, за кое, како што рече, е потребно да видиме дали има намерно зташкување на предемти, намерно нивно застарување, не правилно постапување или не доволна заштита.

– Сметам дека има светло на крајот на тунелот. Не случајно ЕК има зборови за проактивната улога на Судскиот совет, а се однесува особено на делот на примената на новите правила за именување и унапредување на судиите, како и за утврдување на дисциплинската одговорност и нивно евентуално разрешување, подвлече министерот за правда.

Додека дека рецидивите од минатото, остатоците од, како што рече, сваровски судството, попречувачите на правдата, не можат да бидат дел од правосудниот систем и да носат пресуди во име на граѓаните и не можат да ги штитат и унапредуваат нивните права.

– Ќе се одвојат чесните од нечесните судии, порача Маричиќ.

Министерот за правда нагласи дека овој ден го прославуваме за да ја испратиме најзначајната порака дека сите  луѓе се исти пред законот и сите имаат право на еднаква заштита. Информира дека целокупната работа на МП е во насока на заштита и унапредување на човековите права, а особено значајна е еднаквоста пред законот.

Оцени дека поголема заштита на човековите права можеме да обезбедиме единствено со независни и непристрасни судови и обвинителство, кои ќе бидат ослободени од какви било влијанија.

Министерот Маричиќ најави дека на крај е подготовката на стратегија, односно филтрирање на судството и обвинителството.

Во обраќањето во оваа сесија од конференцијата професорот Александар Спасов рече дека одбележувањето на Меѓународниот ден на човековите права, треба да биде и национален ден, особено имајќи предвид дека во изминатите 30 години ние искусивме периоди кога имавме масовно кршење на човековите права.

– Како мала држава имаме и меѓународна обврска да придонесеме во промоција и афирмација и заштита на човековите права бидејќи денес толку години по донесувањето на универзалната декларација за човековите права не само што постојано се кршат, туку за жал во налетот на многу антидеморкатски, популистички, политички движења се минимизираат значењето на човековките права, рече меѓу другото Спасов.

Според него, како држава имаме меѓуанродна обврска и да потсетуваме на значењето на човековите права наспроти тоталитарните идеологии, кои повторно се во подем, дури и на европско тло.

Од ЦИВИЛ потсетија на неколку нивни инцијативи меѓу кои на 10 декември институциите да дадат отчет пред домашната јавност и пред ООН, колку и на кој начин ги почитувале човековите права во текот на изминатата година,да покажат дека ги почитувале човековите права и да ги претстават плановите за нивно унапредување.