Мои сограѓани бидете горди, за С. Македонија обезбедивме поинаква и подобра иднина. Денес сонцето на македонското знаме блесна во европските институции во Брисел, порачува во објавата на Фејсбук вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ.
Тој е еден од бројната делегација која ја предводи премиерот Димитар Ковачевски на „сликање за успомен“ на историскиот ден за почеток на преговорите во Брисел.
Во продолжение целата објава на Маричиќ:
Сè што правевме досега, сите напори, труд и заложбата кои ги вложивме во процесот на евроинтеграција и негово деблокирање, е направено за нашите граѓани да живеат подобро и како сите останати европски народи.
С. Македонија денеска ја одржа првата Меѓувладина конференција и ги отвара преговорите со Унијата, со што формално станува дел од процесот на пристапување кон големото европско семејство.
Овој пат има само еден крај-полноправно членство на МК во ЕУ.
Пред нас е период на големи предизвици во кој уште повеќе ќе мора да работиме и да се посветиме на реформите, за да ја оправдаме довербата што ни ја укажа ЕУ, но и да ги реализираме очекувањата на нашите граѓани.
Ова е најважниот настан за С. Македонија после членството во НАТО. Денес ја исполнуваме нашата стратешка цел која го одредува патот по кој треба да тргне нашето општество. Го заслуживме затоа што работевме трпеливо и посветено. Иднината ни е европска.