Со уставните промени ќе ни се загарантира европската иднина, му рекол еврокомесарот Оливер Вархеи на денешната средба во Брисел на вицепремерот Бојан Маричиќ.
Брзо и успешно спроведување на реформите, било едно од барањата на еврокомесарот Вархеји на денешната средба во Брисел со вицепремерот Маричиќ.
Тој за ТВ Канал 5 изјави дека зборувале и за скриниг процесот. Маричиќ рече дека успешните реформи и комплетираната преговарачка рамка се гаранција за членство во ЕУ
Како што рече Маричиќ, еврокомесарот Вархеји побарал да се фокусираме на реформите кои ќе донесат европеизација.
– Вархеји потенцира дека треба со уставните измени да се загарантира европската перспектива“ вели Маричиќ во интервјуто за ТВ Канал 5.