Владејачките СДСМ и ДУИ немаат мнозинство во Собраниетто, изјави вечерва Зеќирија Ибрахими, секретар во Алтернатива.

Тој беше гостин во дебатниот магазин Клик плус на ТВ 21 и ја потврди информацијата дека деновиве имало средба меѓу премиерот Димитар Ковачевски и лидерите на ДУИ, Али Ахмети и на Алтернатива, Африм Гаши.

На истата, како што рече Ибрахими, се отворило прашање дека можно е да нема мнозинство во Собранието, затоа е потребно да се прошири коалицијата и со Алијанса за Албанците.

– Ние кога станавме дел од оваа Влада потпишавме договор за коалицирање и тој договор треба да се почитува. Нашите пратеници се стабилни и се дел од владиното мнозинство. Што се случи во меѓувреме? Каде исчезнаа пратениците? Тоа ние не го знаеме. За тоа нека размислуваат тие што изгубија пратеници, вели Ибрахими.

Покрај Ибрахими, во дебатата учествуваат и политичките аналитичари Алберт Муслиу и Ибрахим Мехмети.