„Во 2030 година ќе има нови членки на Европската Унија. Штета е … Македонија да не биде во тие нови членки, бидејќи долго сме се бореле и работеле на ова прашање. Ние работиме во 2030 кога ќе има нови членки да бидеме меѓу нив“ рече вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во Дневникот на МТВ.

Тој додаде дека е тешко да се објасни на граѓаните зошто не сакаме да го продолжиме нашиот пат кон ЕУ и дали навистина вреди поради внесувањето на неколку заедници во Преамбулата на Уставот да си ја блокираме државата.

„Убеден сум дека ќе преовлада разумот и убеден сум дека дел од пратениците на опозицијата ќе ја сфатат тежината на оваа одговорност и ќе ја донесеме одлуката. Придобивките ќе бидат за сите нас. Овој процес надминува мандат на било која влада, а придобивки ќе имаат граѓаните и државата“ рече Маричиќ.