Шуто Оризари денеска доби ново амбулантно возило, објави вицепремиерот за европски интеграции Бојан Маричиќ за уште еден успех на Владата на премиерот Димитар Ковачевски.

– После иницијативата за отворање на гинеколошка ординација во Шуто Оризари, која за помалку од месец дена има над 340 пациентки, денес жителите на оваа општина добија ново амбулантно возило. Со овие иницијативи треба да се продолжи, а Владата презема обврска и понатаму да помага, не само со политичка волја, туку и со други чекори, затоа што сите граѓани заслужуваат да имаат еднаков пристап до услугите. Ромската популација е особено сензитивна, особено е маргинализирана, и на неа треба да се обрне внимание и да се помогне да ги имаат истите услови како и сите останати граѓани, објави Маричиќ на својот официјален профил на Фејсбук.

Верувам, додава Маричиќ во објавата, дека ваквите проекти, особено за Ромите, ќе бидат побројни и поддржани и преку европските фондови, а Владата и понатаму ќе продолжи да ги поддржува за подобрување на социо-економските услови за Ромите.