Напаѓачот на Атлетико Мадрид Никола Калиниќ најверојатно до крајот на неделата ќе замине од клубот, пишува Марка.

Хрватскиот фудбалер не замина на припреми во САД со неговиот клуб Атлетико Мадрид.

Калиниќ дојде во Атлетико дојде од Милан пред само една година за 15 милиони евра, настапи седум пати и постигна два гола, а во неговата кариера постигнал 170 голови од 469 настапи.

За Хрватот се заинтересирани Вест хем, Фенербахче и Галатасарај, а моментално во трансфер пазарот Калиниќ вреди 10 милиони евра.