Шпанска „Марка“ со полноќна бомба ги возбуди навивачите на Реал Мадрид, откако објави дека и дефинитивно е постигнат договор помеѓу „кралскиот“ клуб и Жозе Мурињо. Новата соработката помеѓу Реал и Португалецот се најавуваше веќе подолго време, а португалските медиуми веќе објавија дека Мурињо го известил и претседателот на Бенфика, Руи Коста.

За „специјалниот“ ова ќе биде враќање на „Сантијаго Бернабе“ по 13 години, откако веќе беше предводник на „кралевите“ во периодот од 2010 до 2013 година, кога освои по еден трофеј од Ла Лига и од Купот и Супер купот на Шпанија.

Се очекува официјалната презентација на новиот тренер да се одржи следната недела.