Денеска во Скопје се одржа протестен марш за кучињата по скопските улици. На маршот беа присутни повеќе стотини луѓе, главно млади, проследени со неверување од останатите сограѓани. Не дека тие имаат нешто против кучињата, ама во време кога се крши кичмата на државата, во време кога секој поедниец кој се бунтува против тоа е потенцијална цел на хунтата, во време кога пред Собранието се собираат само по десетина луѓе кои протестираат против сето тоа, да излезеш на ваков протестен марш е како да ја глумиш жабата која ја кренала ногата за потковица откако видела коњ.

Неверојатно!

Што би било следно? При следното гласање за измени на Уставот, можеби марш за тоа што пилињата на фармите ги држат затворени, а потоа ги колат. Да, тоа е добар повод. Навистина, зошто никој не протестира за тоа?