Германскиот новинар Михаел Мартенс пресмета дека Македонија и Албанија ќе влезат во Европската унија по точно 122,5 години, ако преговараат со темпото како на Црна Гора, исто така кандидатка за влез во ЕУ!
– Има уште добри вести: ако С. Македонија и Албанија преговараат со исто темпо како Црна Гора и почнат сега, и двете би можеле да бидат добредојдени како членови на семејството на ЕУ само по 122,5 години од денес, во јули 2144 година. Повторно, веројатно втората половина на месецот, бидејќи не треба да брзаме со работите, иронично забележува Мартенс во неговата објава на Твитер.
Мартенс е новинар на германскиот весник Франкфуртер алгемајне цајтунг и се смета за добар познавач на приликите во Југоисточна Европа и процесот на евроинтеграција на земјите од овој дел на Европа.