Во самобиствен напад со автомобил-бомба на полициски автобус во Кашмир, во Индија, загинаа најмалку 44 луѓе, што претставува најсмртоносен напад на безбедносните сили во последните неколку децении.
Сведоци тврдат дека експлозијата во предградието Шринангар се слушнала на далечина од неколу милји, а новинарот Мохамад Јунис, кој стигнал на местото на нападот, опишува дека крв и делови од човечки тела биле расфлани на стотина метри долж автопатот.
Премиерот на Индија, Нарендра Моди остро го осуди нападот.
Медиумите за овој масакр, што се случи вчера (четврток), претходнојавија дека во нападот на конвојот на безбедносните сили на автопатот загинале 30 лица.
Одговорноста за нападот ја презеде пакистанската исламистичка група Џаис е Мухамед.
Кашмир е подрачје кое во мнозинство е населено со муслиманско население, а Индија и Пакистан тврдат дека тоа во целост им припаѓа ним, а секоја од двете земји управува со по еден дел од регионот.
Индија го обвинува Пакистан дека материјално ги поддржува милитантите, а од Исламабад порачуваат дека саваат само морална и дипломатска поддршка на муслиманското население во Кашмир.