Петтиот светски рекет Стефанос Циципас вчеравечер во третото коло на Мастерсот во Мадрид загуби од Каспер Руд – 6:7, 4:6. Гркот загуби за прв пат оваа сезона пред четвртфиналето.

Претходно, тој стигна до четвртфиналето во Марсеј и Мајами, полуфиналето на Австралија опен и Ротердам, до финалето во Акапулко и Барселона, а исто така го освои Мастерсот во Монте Карло.

Руд, пак, по трет пат победи противник од Топ 10 и за првпат совлада Топ 5 тенисер.

Норвежанецот по трет пат се пласираше во четвртфиналето на Мастерс. Негов следен ривал е Александар Бублик од Казахстан.