Италијанскиот вице премиер Матео Салвини во интервју за Вашингтон пост изјавил дека украинскиот евромајдан во 2014-та бил псевдореволуција платена однадвор.
„Споредете го евромајдан – таа лажна револуција во Украина – со референдумот на Крим. На Крим е одржан референдум на кој 90 отсто од сите кои гласаа беа за припојување кон Русија, а псевдореволуцијата ја спонзорираа некои држави“.
Според него, во светот постојат одредени руски историски зони – со руска култура и традиција. Нагалсил дека Крим е една таква зона.
Официјален Киев веднаш реагирал на ова со сооштение дека се надева дека владата во Италија ќе ја осуди руската агресија врз Украина и окупацијата на Крим и Донбас.раин