Фудбалерот на Сиудад Реал, Матијас Погба изјави дека неговиот брат Пол сака да го напушти Манчестер јунајтед.

– Погба сака да си замине. Ова е тешка ситуација. Не мислам дека чини 200 милиони евра, но сега фудбалската реалност е таква што МЈ бара толку многу. Пол само чека, изјави Матијас Погба.

Претходно се дозна дека Реал Мадрид сериозно е заинтересиран во своите редови да го донесе играчот од средниот ред на премиерлигашот од „Олд трафорд“.