Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против 43-годишниот С.П. од село Турија, делчевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично делo „измама“.

На 09.02.2020, В.К. од село Трстија, виничко, се договорил со пријавениот да му изведува градежни работи, за кои во три наврати му дал по 500 евра. По два месеца пријавениот не ја завршил договорената работа и не одговарал на телефонските повици.