Четворица случајни минувачи, рано утрово беа повредени во атинска населба, кога 54-годишен маж ги нападнал со нож, а кусо подоцна беше уапсен, јави дописничката на МИА од Атина.

Од засега непознати причини, мажот, со нож излегол на улица и почнал да ги напаѓа случајните минувачи, по што се затворил во неговиот дом, каде што и беше уапсен од полицијата.

Од грчката полиција соопштија дека 54-годишниот побегнал од психијатриска болница и е веќе уапсен.

Според грчките медиуми, состојбата на повредените не е сериозна.