Албанија досега достигна бројка од милион вакциниран граѓани против Ковид-19, од кои половина се ревакцинирани.

Веста ја објави премиерот Еди Рама, преку фотографија на социјалните мрежи.

„+ 1милион. Албанија се насмевнува, напиша Рама.

Процесот на вакцинација во земјата, под мотото „Албанија се насмевнува“, почна на 11 јануари првите лица кои биле вакцинирани беа медицинскиот персонал, по што следеа просветни и универзитетски професори, вработени во детски градинки и домови за стари лица, како и лица над 85-годишна возраст.

Со текот на месеците, возрасната група продолжи да опаѓа, достигнувајќи ја категоријата која во моментот се имунизира, односно оние над 40-годшна возраст.

Се користат вакцини од Фајзер, Астра Зенека, Синовак и Спутник В.

Здравствените власти ја дефинираа националната стратегија за вакцинирање, според која целта е целото население во Албанија да биде вакцинирано до пролет следната година. Според оваа стратегија, за да се постигне целосна имунизација, предвидена е вакцинација на 2,2 милиони луѓе, за кои се потребни 4,4 милиони дози вакцина.

Премиерот Рама неодамна најави дека и Албанија ќе гради фабрика за производство на вакцина Синовак, оценувајќи го како „стратешки чекор за во иднина“.

Според последните податоци на министерството за здравство, вчера регистрани се 7 нови случаи, починати нема повеќе од десет дена, активни на болеста се 55 лица од нив болнички се третираат само тројца пациенти.