Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе постави уште еден рекорд, откако стана најмладиот фудбалер, кој стигна до 50 гола во француската Лига 1. Тој се запиша на два пати при успехот со 3:0 над Ним, со што ја зголеми предноста на тимот во шампионатот.

ПСЖ веќе води 17 поени пред вториот Лил. Третиот гол го постигна Кристофер Нкунку.

Мбапе постигна 50 гола на 88 натпревари во француската елита. Тој е најмладиот играч кој го постигнува ова во изминатите 45 години, откако Лига 1 е во сегашниот формат. Напаѓачот на ПСЖ го постигнува тоа на 20 години, два месеци и три дена. Во прилог на 50-те гола, Мбапе има 23 асистенции.

Досега најмладиот со слично постигнување беше Јаник Стопира, кој во декември 1982 година стигна до јубилејниот број на голови.