Рускиот премиер Дмитриј Медведев оцени дека влезот на Грузија во НАТО може да предизвика катастрофални последици.

– Тоа може да предизвика ужасен конфликт. Не разбирам зошто е тоа потребно, изјави Медведев за Радио Комерсант.

Премиерот истакна дека вооружениот конфликт меѓу Грузија и Јужна Осетија, кој се случи во 2008 година и во кој учествуваше Русија, можеше да се спречи.

– Немаше потреба, рече Медведев.

На 12 јули, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ја потврди намерата на организацијата да ја прими Грузија во Алијансата, не нагласувајќи точно кога тоа може да се случи.