Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев, близок соработник на Владимир Путин денеска даде кратка, но застрашувачка ппрогноза за тоа што ќе се случува во 2023 година за која, како што вели, многумина си вежбаат предвидувања, па едно предвидување дава и тој.
Пред Нова година секој сака да прави предвидувања, вели тој.
– Многумина вежбаат футуристички хипотези, натпреварувајќи се во предлогот на најнеочекуваните, па дури и апсурдните. И ние ќе го направиме нашиот дел. Што може да се случи во 2023 година, прашува Медведев и ги дава неговите предвидувања:
„Зголемување на цената на нафтата на 150 долари за барел и на гасот на 5.000 долари за 1.000 кубни метри. Враќање на Обединетото Кралство (ОК) во Европската Унија. Колапс на ЕУ по враќањето на ОК и укинувањето на циркулацијата на еврото како валута на поранешната ЕУ. Заробување од страна на Полска и Унгарија на западните региони на поранешна Украина. Создавање на Четвртиот Рајх врз основа на Германија и сателитите кои им се придружија (Полска, балтичките земји, Чешка, Словачка, Романија, Република Киев и други отпадници)“.
Натаму во црните прогнози на Медведев се:
„Војна меѓу Франција и Четвртиот Рајх. Поделба на Европа, вклучително и нова поделба на Полска. Одвојување на Северна Ирска од Кралството Велика Британија и Северна Ирска и пристапување кон Република Ирска. Американската граѓанска војна, одвојувањето на Калифорнија и Тексас во независни држави. Создавање на сојузната држава Тексас и Мексико. Победа на Илон Маск за време на претседателските избори во САД во некои од државите доделени на републиканците по граѓанската војна. Трансфер на сите поголеми берзи и финансиска активност од САД и Европа во Азија“.
Неговите прогнози се црни и во економијата:
„Колапс на финансискиот систем Бретон Вудс, вклучувајќи го и колапсот на ММФ и Светската банка. Отфрлање на еврото и доларот како светски резервни валути. Враќање на златниот стандард. Транзиција кон активна употреба на дигитални валути“.
И на крај Медведев иронично лестита Нова 2023 година:
Среќна Нова Година за вас, англосаксонски пријатели и нивните радосни свињи!- објави Медведев на неговиот Телеграм канал.