Професор д-р Сашко Јовев чие разрешување од директорската функција на Клиниката за кардиохирургија предизвика бурни реакции во јавноста, ќе продолжи да работи како доктор на кардиохирургија, но нема да се врати на функцијата, потврди министерот за здравство Фатмир Меџити.
– Утринското кафе го испивме заедно со професорот Јовев и тој ќе продолжи да работи на клиниката заедно со својот тим. Почитуваниот професор ја има мојата потполна поддршка да ги извршува своите задачи. Тој е мој добар другар и мој колега. Ќе се залагам со ребалансот на буџетот националната програма за трансплантациа да добие многу повеќе средства, рече Меџити.
На прашањето дали ќе ја преиспита одлуката за разрешувањето на Јовев од функцијата директор на државна кардиохирургија, Меџити рече:
– Кога министерот донесува одлука и таа не се преиспитува, тоа е апсолвирано прашање, да не се повторувам.