Нема дилеми за бројот на Албанците, тие на пописот ќе бидат над 25 отсто, изјави потпретседателот на ДУИ и координатор на пратеничката група, Изет Меџити.

– Според бројот на ученици, по наталите и по многу фактори Албанците ќе бидат над 25 отсто . Сите индикатори говорат дека Албанците се нешто повеќе од тоа што биле на последниот попис. Нема потреба од такви дилеми. Пописот е статистичка операција, значи треба да се утврди бројката во нашата држава и тоа е добро за наредните стратегии и развој, да имаме точна бројка било за економски параметри, било за друга природа, изјави Меџити за Плусинфо.