Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, денес пречека делегација составена од претставници од политиката, бизнисот и меѓународните институции, предводена од д-р Дастин Плантхолт. Делегацијата престојува во регионот во рамки на иницијативите за економска соработка со Соединетите Американски Држави.

За време на средбата, Меџити ги презентираше приоритетите и развојните проекти на Општина Чаир, со посебен акцент на локалното управување, инвестициите во образованието, културата и инфраструктурата, како и можностите за воспоставување соработка во области од заеднички интерес.
„Дијалогот и размената на искуства со меѓународните партнери претставуваат додадена вредност за локалното управување. Ваквите средби отвораат можности за нови партнерства, инвестиции и иницијативи кои можат да придонесат за развојот на Чаир и нашата држава,“ изјави Меџити.




