Претседателот на Демократското движење, Изет Меџити на прашање на ТВ21 за одлуката на ДУИ Талат Џафери да биде технички премиер во последните 100 дена од Владата, рече дека работата е како трошна куќа со нова фасада.
„Руинирана куќа со реновирана фасада. Вака работи техничкиот премиер!“, кратко одговори Меџити.
Претходно реагираше и ВМРО-ДПМНЕ:
СДСМ забега со штетите кои ги предизвикува за Македонија. Ковачевски дезертирал од Армијата, правејќи се болен, само за да не ја отслужи својата обврска, исто како и неговиот наследник на местото технички премиер Талат Џафери, кој 2001-та од Армијата преминува во УЧК, реагира ВМРО-ДПМНЕ по информацијата од Мала Речица дека ДУИ одлучила Талат Џафери да биде технички прмеиер на Владата што треба да се формира на 28 јануари.
„Деспотот од Форино ќе остане запаметен по неговите кршења на законот и процедурите и незаконскиот начин на кој беше поставен на тоа место. Тој одбиваше иницијативи за референдум ставајќи се во улога на врховен и уставен судија, потоа редеше европски знаменциња на сите штетни закони со кои оваа власт на ДУИ и СДС го крадеа народот и државата.
Исто така Талат Џафери ќе остане запаметен и по неуставното и незаконското донесување на законот за јазиците и редица други системски закони.
Сега јасно е зошто Ковачевски не се откажуваше од техничка влада. Дезертерот Ковачевски ќе биде заменет со нов дезертер Џафери“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.