Членките на Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) одлучија да продадат 120 милиони барели нафта од резервите за да ги ограничат цените кои нагло пораснаа по руската инвазија врз Украина, изјави директорот Фатих Бирол.
– МАЕ колективно ќе стави на располагање вкупно 120 милиони барели нафта од резервите вклучувајќи 60 милиони барели што ќе ги додадат САД како дел од поширокиот план за продажба од Стратешките нафтени резерви, напиша Бирол на Твитер.
САД во март соопштија дека во следните шест месеци на пазарот ќе пласираат вкупно 180 милиони барели нафта од резервите, најмногу од нивното формирање. Другите членки на МАЕ, исто така, најавија заедно најмногу барели откако агенцијата почна да ја координира продажбата. Досега тоа го направиле во четири наврати.