Италијанската премиерка Џорџа Мелони му вети дополнителна поддршка на украинскиот претседател Володимир Зеленски против војната со Русија во телефонски разговор пред неговата денешна средба со европски лидери во Лондон.

Мелони ја обвини Москва за „нова серија неселективни напади на Русија врз украински цивилни цели“, соопшти нејзиниот кабинет.

Италија ќе достави дополнителни резерви, вклучително и генератори, за поддршка на енергетската инфраструктура и на украинското население, соопшти кабинетот на Мелони додавајќи дека целта останува траен и праведен мир.

Мелони нема да учествува на денешниот состанок во Лондон. Присутни ќе бидат британскиот премиер Кир Стармер, францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц.