Италијанската премиерка Џорџа Мелони по судирите за време на протестите на улиците на Милано, денеска изрази солидарност со силите на законот и редот, додека градоначалникот на тој град, Џузепе Сала, изрази голема загриженост.
-Членовите на силите на редот повторно се соочија со насилството на криминалците кои, дури и преку организирани групи, ги злоупотребуваат демонстрациите за да предизвикаат конфликти и да сеат хаос, напиша Мелони на социјалните мрежи.
Таа изрази целосна солидарност и искрена благодарност до силите на законот и редот, додавајќи дека тие се таму за да ги заштитат граѓаните, работниците, сопствениците на продавници и сите оние кои имаат право да живеат во својот град без страв и без да гледаат како го уништуваат групи насилници, објави агенцијата Аднкронос.




