Германскиот канцелар Фридрих Мерц идната недела ќе ги посети Јапонија, Јужна Кореја и Сингапур, каде ќе престојува од понеделник до петок, соопшти денеска портпаролот на германската Влада.

„Со сите три земји, споделуваме посветеност кон отворена трговија базирана на правила и желба за зајакнување на економската отпорност и безбедност, особено во контекст на глобалните синџири на снабдување“, истакна портпаролот.

Јапонската влада објави дека Мерц ќе биде во дводневна посета на Јапонија почнувајќи од среда и ќе разговара со јапонската премиерка Санае Такаичи.

Јапонската влада во соопштение за медиумите наведува дека се очекува посетата дополнително да ги зајакне врските меѓу Јапонија и Германија.