За сите нас во Европа е добро да има важна разврска овде во однос на прашањето за Северна Македонија, но за тоа предуслов е храбриот пристап, рече германската канцеларка Ангела Меркел на средбата со грчкиот претседател Прокопис Павлопулос, јави МИА од Атина.

– Ги констатираме храбрите напори од страна на Грција кон соседите во Западен Балкан, придонесот на Грција за да постои заеднички именител, конзистентност, и ова е поврзано со прашањето на Северна Македонија. Резултатот не е добар само за иднината на вашата соседна земја, туку, според моето мислење, добро и за Грција и за сите нас во Европа да постои важна разврска овде, но за тоа предуслов е еден многу храбар пристап, рече Меркел.

Претседателот на Грција во изјавите на почетокот од средбата со германската канцеларка воопшто не го спомена Договорот од Преспа, ниту пак говореше за т.н. грчки национални прашања.