Нови голи факти за безочното лажење на Власта, црното време и манипулациите кои се прават со здравјето на граѓаните. Октомври 2017-та година, Премиерот Заев ветуваше чист воздух затоа што како што самиот велеше "немало слобода и живот без чист воздух". 13 месеци подоцна иронично, но вистинито, заедно со однесената слобода и одземениот живот, нема почист, туку драстично загаден воздух. Аналогно на ваквата изјава, бидејќи воздухот е презагаден, денес сите ние, со премиер на државата Зоран Заев живееме во држава каде нема слобода и живот.Медиумите објавија дека Европската агенција за животна средина (ЕЕА) државава ја прогласи за најзагадена во Европа. Иако велеа дека имаат прецизен план реалноста покажува дека за цело време немале план, туку желба за манипулација и лажење. И сега кога овие ветувања се распрснуваат како меур од сапуница, сакаат да презентираат некакви мерки, кои всушност и не се делотворни мерки. Се фалат дека оделуваат ниски 1.5 милиони евра за намалување на загадувањето во неколку години, во исто време кога со ребалансот кратат милиони евра од гасификацијата која е приоритетен проект за намалување на загадувањето.Дека се демонстрираат популистички мерки, без волја за коренито решавање на проблемот со загадувањето со новите предложени законски измени со кој нема да се реши загадувањето, но ќе се врши етикетирање на автомобилите, со што ќе се изврши директна класна сегрегација на граѓаните, односно на побогати кои имаат понови автомобили кои не загадувале, и оние од другите категории чии автомобили загадувале. Сетоа ова наликува на класната сегрегација присутна во минатиот век во Варшавското гето, со таа разлика што оваа актуелна власт најверојатно ќе побара од сопствениците на автомобили да си ги платат ознаките, и веројатно по цена по добро разработениот бизнис кој станува заштитен знак за власта, односно 2 евра (за да има евро ваму, евро таму).И додека населението се труе од загадениот воздух и неподносливата неспособност на Владата, статистиката покажува дека над 1000 луѓе годишно умираат поради респираторни болести кои се последица на загадувањето. Не држат правдањата со броењето на денови, барање на одговори во минатото, оваа власт ветуваше живот и воздух, и оваа власт треба да го реши проблемот. Лагите за чист воздух на власта и нивната неспособност да најдат решение, граѓаните за жал ја плаќаат со своето здравје, а не ретко и со своите животи. Црно време за нашата земја. Овие црнила мора да се запрат додека не биде предоцна. П.С За ова, но и за се друго, поврзано со промената на името и Уставот, одземањето на достоинството, упропастената економија, сиромаштијата, зголемувањето на даноците, неспособноста, криминалот и корупцијата, протестираме за црнилата, Среда 5-ти Декември 2018та година, протестен марш во 17 часот од плоштад ВМРО до Влада на Република Македонија!
Gepostet von Hristijan Mickoski am Dienstag, 4. Dezember 2018
Заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули, откако викендов „статистички го прочисти воздухот“ во 2018-та, во споредба со претходните години, денеска и утре во Белград, ќе присуствува на министерската конференција „Иновативни решенија за намалување на загадувањето во Југоисточна и Јужна Европа“.
Конференцијата е во организација на Министерството за заштита на животната средина на Србија во соработка со Програмата за заштита на животната средина на ОН, и со поддршка на Министерството за заштита на животната средина, копното и морето на Република Италија и има за цел изнаоѓање на заеднички начини и мерки за спречување на загадувањето во овој дел на Европа.
Макрадули замина во Белград кога Скопје и другите градови се задушуваат поради загадениот воздух, кој во некои градови, како Кавадарци и Скопје, синоќа беше десетина пати позагаден од дозволеното со ПМ 10 честички. Граѓаните се жалат поради можни последици, а досега освен „статистичкото прочистување на воздухот“ и исклучените мерни станици, не се преземени никакви мерки.
Воздухот и во моментов е загаден, а од Макрадули и од ресорното министерство ќе очекуваме од дебатите во Белград да добиеме материјал и мерки за нови дебати на семинари, работилници, за транспарентно решавање на проблемот со загадениот воздух, како и откривање на загадувачите и преземање на мерки.
А и денеска воздухот во Скопје е загаден. Концентациите на ПМ10 честичките од синоќа се над 200 микрограми, достигнувајќи и до 588 микрограми на кубен метар.
Во Центар од синоќа во 22 часот е над 200 микрограми и се движи од 233 па се до 357 микрограми што се регистрирани во 01 часот по полноќ.
Во Карпош концентрациите над 200 се присутни од 18 часот часот, а највисоката од 433 е достигната во 21 часот.
На станицата за мерење на квалитетот на воздухот кај Ректорат се евидентирани концентрации над 200 микрограми од 16 часот вчера. Во 02 часот по полноќ достигнале до 390 микрограми.
Во Бутел на мерната станица над 200 микрограми се забележани од полноќ, а најзагадено било во 17 часот вчера со 315 микрограми на метар кубен.
Најзагаден бил воздухот во Миладиновци со измерени 588 микрограми синоќа во 20 часот.
Последните мерења покажуваат концентации од 137 микрограми во Бутел, 159 во Миладиновци, 209 во Карпош, 238 кај Ректорат и 243 во Центар.
Среднодневната гранична вредност од 206 и 233 микрограми изнесувала во Карпош и кај Ректорат во Скопје.
За да се активираат мерките потребно е вакви надминувања од 200 микрограми на кубен метар на две мерни станици да има во два последнователни дена.
Загаден е воздухот и во другите поголеми градови во Македонија. Во Битоа се измерени концентрации на ПМ10 честичките од 149, Кичево 144, Тетово 154, Кавадарци 129, Куманово 147 и Струмица 142 микрограми на кубен метар