Суперѕвездата на Барселона, Лионел Меси ги коментираше гласините дека имало конфликт помеѓу него и летното засилување, Антоан Гризман.

Аргентинецот негираше недоразбирање со францускиот напаѓач, кој дојде на „Камп Ноу“ по долга трансфер сага.

Според статистичките податоци од натпреварот во Лигата на шампионите, Меси и Гризман немаат скоро никаков контакт на теренот. За цели 90 минути од натпреварот, тие разменија вкупно 5 додавања – 2 од Гризман кон Меси и 3 во спротивна насока.

– Јас немам проблем со Гризман, како и со сите други играчи. Сè е во ред помеѓу раководството и играчите. Со оглед на победите над Интер и Хетафе, ние мора да го потврдиме успехот со тоа што ќе ја победиме Севиља, со цел да преминеме спокојно кон натпреварите на националните тимови, рече Меси, цитиран од „Кориере дело Спорт“.