Македонското репрезентативно крило, Иван Тричковски, вечерва го постигна својот шести гол на последните пет натпревари во кипарската лига.

Македонецот кој е капитен на АЕК Ларнака, беше стрелец на вториот од петте гола со кои АЕК ја совлада Ахна со 5:1. Членови на Ахна се некогашните репрезентативци Мартин Богатинов, Јован Костовски и Бојан Маркоски.

АЕК Ларнака во моментов е на трето место на табелата со девет бода од пет меча. Ахна има седум бодови, но од четири кола.