Продолжуваат репликите од дистанца меѓу албанскиот претседател Илир Мета и премиерот Еди Рама, полни со обвинувања и навреди.

Мета преку објава на Фејсбук оценува дека неопходно е враќање на уставниот поредок во земјата, а следните парламенатрни избори ги оценува како референдум против актуелниот олигархискиот систем.

– На 25 април 2021 година ќе се одржи сенционален референдум за уривање на овој олигархиски систем, кој се обидува да ги претвори албанските граѓани во безвредни, немоќни и незаштитени суштества. Враќањето на уставниот поредок е неспорно. УСТАВОТ пред се. Над Уставот единствено народот, напиша Мета.

Тој реагира и на влошената состојба со Ковид-19 во земјата и бара масовно зголемување на тестирањата за Ковид-19 и на секој граѓанин кој се лекува дома да му се надоместат средствата потрошени за лекови. Воедно упати апел до сите граѓани да носат маски.

– Да се зголеми бројот на тестирањата, да се зголеми буџетот за здравствениот систем, на секој граѓанин кој се лекува дома да му се надоместат трошоците. Секој да носи маска. Заедно против Ковид-19, за заштита на здравјето на секој граѓанин, апелира Мета.

Тој првпат со заштитна маска беше виден вчера, а неговата сопруга Моника Круемади, која е лидерка на опозициското Движење за социјалистичка интеграција, е најголемиот поборник против носењето маски, па во два случаја беше казнета од полицијата.