Албанскиот претседател Илир Мета денеска испрати честитка до собранискиот спикер на Република Македонија, Талат Џафери, по повод донесувањето на Законот за употреба на јазиците.
– Ова е историски и значаен настан за Албанците, големо и важно достигнување кое придонесува за демократијата и гарантирањето на еднакви права за граѓаните на сите националности, кои живеат во Македонија, вели Мета.
Како што пренесува албанската државна агенција АТА, ова постигнување, според Мета, е исто така многу важен чекор во спроведувањето на Охридскиот договор.
– Албанците, отсекогаш биле ориентирани кон евроатлантските вредности, а со овој чекор покажаа восхитувачка зрелост и конструктивен став, додава Мета во честитката, високо оценувајќи ја и улогата што лично ја имал и Џафери во ова насока.