СДСМ и Зоран Заев и понатаму ја штитат осомничената Катица Јанева, истакна на денешната прес-конференција, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

– Покрај тоа што пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ вчера согласно Деловникот побара итна седница со единствена точка на дневен ред разрешување на осомничената Катица Јанева, таква седница се уште нема. Согласно извештајот на Советот за јавни обвинители и Комисијата за прашања на изборите и именувањата, Катица Јанева досега требаше и мораше да биде разрешена. Собранието е должно да постапи врз основа на извештајот на Советот на јавни обвинители и по предлогот на Комисијата за прашања на изборите и именувања и да го утврди предлогот за разрешување во најкраток можен рок. Секое одложување на разрешувањето на Јанева е давање ветар во грб на криминалот. Намсто да биде разрешена, осомничената Катица Јанева сеуште дава наредби од притвор. Повеќе од очигледна е намерата на парламентарното мнозинство и Зоран Заев да ја заштитат Катица Јанева од разрешување. Бидејќи со штитење на Катица Јанева се штитат самите себеси, рече Мицевски.

Тој додаде дека СДСМ и Зоран Заев од ден на ден се повеќе и повеќе тонат во своите криминали.

– СДСМ и Зоран Заев се плашат да ја разрешат Катица Јанева. Во медиумите секојдневно има нови информаци за вмешаноста на високи партиски функционери на СДСМ во најголемата криминално-рекетарска афера „Рекет“. Тоа е и причината зошто Катица Јанева сеуште не е разрешена. Намерата на СДСМ и Зоран Заев е Катица Јанева да не биде разрешена, за незаконско, нестручно и несовесно работење туку со истекот на времето за кое што е избрана да и престане мандатот. Планот за спас на Катица Јанева нема да успее. СДСМ и Зоран Заев купуваат време, но не може вечно да ја штитат Катица Јанева. Уште еднаш апелираме до пратениците од парламентарното мнозинство да престанат со купување на време и со тактизирање и веднаш да биде разрешена осмничената Катица Јанева со цел да се остави простор до 15 септември да се избере нов специјален обвинител, рече Мицевски.