„Ова директно и само за Зоран Заев. Минатиот пат те повикав, одби да излезеш на дуел пред референдумот. Ајде сега пред Нова Година јас и ти, очи во очи пред целата македонска јавност“, му порача Мицкоски на Зоран Заев од вечерашниот протест на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ајде јас и ти. Но, викни ги најпрво на помош оние наши поранешни браќа и сестри што застанаа рамо до рамо со тебе во битката против ВМРО-ДПМНЕ, да те избрифираат за вмровските работи. Ќе збориме и за тоа, ама ќе збориме и за сето она кое што и го приреди на нацијата, за сите лаги , за сите недостоинствени политики, јас и ти , очи во очи пред македонските граѓани па они нека судат и нека пресудат кој е во право. Немој овој пат да се криеш.

Избeри, време, место и медиум таму ќе дојдам каде што ти сакаш и каде што ти ќе кажеш“, порача Мицкоски.