Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело изнуда. Пријавениот во текот на ноември ѝ упатувал сериозни закани преку телефон на оштетена тврдејќи дека поседува документи со кои би можел да го извади од притвор нејзиниот сопруг.

„За да ѝ ги достави тие документи, осомничениот од неа барал да му исплати сума од 150 илјади евра, а истовремено ѝ се заканувал дека доколку пријави, ќе постави бомба и дека ќе биде лошо за неа и за нејзините внуци. Притоа осомничениот го искористил фактот што извесен период во текот на 2018 година работел како личен возач на нејзиниот сопруг и имал доста информации за животот на оштетената и нејзините блиски“, се наведува во соопштението.

Осомниченото лице е приведено и ќе биде изведено пред судија на претходна постапка.