Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во емисијата „Утрински брифинг“ изјави дека со двотретинско мнозинство во Парламентот ќе го укинат Преспанскиот договор.
– Со двотретинско мнозинство во парламентот, го укинуваме Преспанскиот договор, рече Мицкоски во „Утрински брифинг“ на новата телевизија „Слободен печат“.
Во врска со отстранувањето на сликите со Никола Груевски од седиштето на партијата, Мицкоски рече дека не се острануваат само сликите со поранешниот лидер, туку и други, а се ставаат слики со содржини и луѓе, кои оставиле белег во историјата.
Во врска со неодамнешниот собир на ВМРО-ДПМНЕ во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, каде биле забележани поголем број поддржувачи на бившиот лидер Груевски, Мицкоски вели дека е нормално на собирите да има луѓе од неколку генерации на ВМРО-ДПМНЕ.