Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговиот говор на трибината Гевгелија на тема „Борба против корупцијата и криминалот“ од акцијата „Ова е Македонија за сите“, потенцираше дека дадени се два предлози до Ковачевски кои се јасни и бидејќи оттаму има молк и лаги го повика Ковачевскина дуел пред јавноста за сите да ја видат вистината и да прекинат лагите кои ги шири СДС.

Мицкоски посочи дека првиот предлог е формирање на преодна влада која што ќе ги организира следните парламентарни и претседателски избори и тоа е важно за да нема премиер под диктат на ДУИ и Али Ахмети.

Мицкоски посочи дека треба да се заврши процесот сега, но да важи кога Македонија ќе биде членка на ЕУ, односно да ги завршиме успешно преговорите со ЕУ, да започне ратификацијата во парламентите на земјите членки, Македонија членка на ЕУ и тогаш кога ќе бидеме во истото заедничко семејство да важи овој процес.

– Македонија дел од ЕУ тогаш може да има важечки уставни измени. Македонија нема да биде ЕУ, нема да има важечки уставни измени. И третата работа, која што е многу важна а тоа е огромната победа која што ќе ја има коалицијата. И третата работа, која што е многу важна, а тоа е огромната победа која што ќе ја има коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ после тие избори кои што ќе ги подготви оваа преодна влада. На ова не добив одговор од страна на Димитар Ковачевски, рече Мицкоски.

Мицкоски посочи дека вториот предлог да одиме на предвремени парламентарни избори оваа есен, а потоа тој што ќе биде поразен, безусловно да го поддржи тој кој што ќе победи на тие предвремени парламентарни избори, секако тоа ќе биде коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, во три работи.

– Првата работа, заедно да настапиме пред европските институции и да обезбедиме гаранција за македонскиот многу вековен идентитет, посебност, традиција, култура, обичаи и јазик. Да побараме од Брисел тоа да го гарантира, да излеземе пред македонските граѓани и да го покажеме тој документ, дека некој навистина смета за овој народ, дека навистина на некој му е овој идентитет и овој народ многу значаен и дека го сака да биде таму заедно со него во европското семејство. Втора работа, социо економски пакет за граѓаните за основните потреби. Денеска во Македонија нашите сограѓани имаат основни елементарни потреби. Немаат канализација, немаат водовод, немаат асфалт на улиците, газат кал при првиот дожд, до коленици се во кал. Тоа се основни работи. Да бараме за основните работи, за основните потреби на македонските граѓани, социо еконосмки пакет за компаниите да се подготват во процесот на преговори и подготвени да го дочекаат членството на Македонија во Европската Унија со меки кредитни линии. Истото тоа, ни помалку ни повеќе, што го добиваат нашите соседи, вели Мицкоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ додаде дека трета работа која што заеднички треба да настапиме и да ја обезбедиме, а тоа е, 14-те пресуди пред Судот за човекови права во Стразбур, од кои што шест се конечни и за кои што постои ултиматум кај нашиот источен сосед да ги имплементира, а избегнува да ги имплементира, да бидат имплементирани.

– Да покажеме за нашинците во Пиринска Македонија, за Македонците таму дека грижиме, дека навистина ние овдека во нивната татковина, во нивната мајковина, навистина се грижиме за тие луѓе. Тоа беше она кое што му го понудив на Димитар Ковачевски. Но, од таму молк. Осми ден денеска, деветти ден молк. Излегуваат со една те иста работа, научена напамет лага и ја повторуваат. И еве, за ад бидеме сите ние сигурни во вистината, за да нема дилема кој ја кажува вистината, а кој не ја говори вистината, од овде од Гевгелија, сакам да упатам една порака до Димитар Ковачевски, бидејќи е кукавица по природа и бидејќи се плаши од избори, и бидејќи се плаши да ме погледне во очи, еве еднашка го охрабрувам нека излезе на ТВ дуел пред македонската јавност, па граѓаните нека судат кој ја говори вистината, а кој не ја говори вистината, истакна Мицкоски.