Премиерот Христијан Мицкоски одговараше на новинарско прашање за иницијативата за Уставни промени од страна на опозициската СДСМ.
– Можев да го видам оној настан што вчера го организираше СДСМ во рамките на македонското Собрание и да ја слушнам таа изјава на претседателот на СДСМ. Само неколкумина од голтари станаа милионери, денеска без нималку срам излегуваат пред македонските граѓани и велат уште еднаш ќе ве клекнеме на колена ако ни дадете можност, уште еднаш ќе играме на вашето достоинство, уште еднаш ќе чепкаме по вашата душа, ама ние уште еднаш ќе заработиме по некој милион и ако бел лист хартија ни стават на маса ќе го потпишеме.
Премиерот Мицкоски ги потрнцира фактичките резултати.
-Денес имаме пензионери кои како никогаш досега добија линеарно покачување на пензијата, денес имаме млади коишто во рака имаат електронски уред за кој што 250 евра субвенционираше Владата, се реконструираат студенските домови кои што тие ги оставија полни со шут на градежен материјал, непипнати седум години, а еден од нив очекувам оваа годсина да биде пуштен во функција со зголемени средства за топол оброк, зголемени стипендии, рече Мицкоски.
Тој праша дали тие нашле да зборуваат за земјоделците, алугирајќи на опозицијата.
-Земјоделците 30% имаат зголемен род сега, ако ништо друго оваа Влада ги обезбедува редовно со вода што тие не беа способни да го направат, а да не зборувам за платите што ги оставија неисплатени во Национални шуми и во АД Водостопанство во Македонија. Вработените во образование и здравство, тие ли најдоа да збориваат, здравствената стабри политика на Венко Филипче и Зоран Заев добро ни е позната. Кога компании лиценцирани за трговија со овошје од јужна Америка требаше да набават вакцини во екот на корона кризата по цена од трипати поголема од најстапите во тоа време можевме на пазарот да ги најдеме, потенцира Мицкоски.
Тој нотира дека таа политика е поразена и на следните избори ќе биде декласирана и веќе ќе немаат можност овие политичари за прават зулум на македонската политичка сцена, македонската политика ќе ја водат одговорни луѓе, патриоти, кои што си ја сакаат сопствената држава и сопствениот народ.




